Search

Автопатот Дамаск – Алепо е под контрола на сириската армија

Сириската војска презеде целосна контрола врз стратешки значајниот автопат Дамаск – Алепо и ги потисна екстремистите од позициите меѓу градовите Хама и Алепо.

Овој автопат долг 423 километри го поврзува Дамаск со индустриските зони во северниот дел на земјата и градот Алепо.

Провинцијата Идлиб е единствената сириска област која сè уште е под контрола на одметнатите екстремистички сили, меѓу кои и терористичката организација Џабат ал-Нусра, која е забранета во Русија од 2012 година.

Провинцијата Идлиб во северна Сирија во 2017 година беше прогласена за зона за деескалација, а на бегалците од регионот Источна Гута и од сириските јужни провинции, кои одбиваа да се разоружат, таму им беше понудено безбедно засолниште.

Турската армија на таа територија имаше вкупно 12 пунктови за набљудување.

Сириската војска на 25 јануари почна операции со цел да ја врати контролата врз западните и јужните приоди кон градот Алепо.

Редовните сириски сили влегоа во градот Саракиб на 5 февруари и ги принудија предстражите на Џабат ал-Нусра да се повлечат во Идлиб.

Саракиб е град од стратешко значење затоа што се наоѓа на крстосница на две главни сообраќајници кои ги поврзуваат Латакија и Алепо со Дамаск.

Некои светски агенции јавија дека екстремистите во Идлиб испукале ракети земја-воздух и урнале хеликоптер на сириската армија.

Официјален Кремљ претходно денеска остро предупреди дека мора да престанат сите напади врз руските и сириските вооружени сили во Идлиб, и оти мора да се спроведат одредбите од руско-турскиот договор постигнат во 2012 година.

Треба да знаете
Последни објави