Search

Автобус полн со кинески туристи излета од патот, 13 загинати

Најмалку 13 луѓе загинаа кога автобус полн со кинески туристи излета од патот во Лаос, пренесуваат кинеските медиуми.

Во автобусот, во кој се наоѓале 43 кинески туристи, двајца водачи и возачот од Лаос, повредени се и десетина луѓе, од кои двајца се во животна опасност.

Не е наведено од кои националности се жртвите.

Автобусот излетал од патот меѓу главниот град на Лаос, Виентиана и туристичкиот центар Луанг Прабанг.

Медицински тим на кинеската војска кој бил во Лаос отпатувал за Луанг Прабанг за да им пружи помош на повредените.

Треба да знаете
Последни објави