Search

Австрија ја продолжува граничната контрола со Словенија до 11 мај 2021

Австрија ќе ја продолжи граничната контрола со Словенија и Унгарија за уште шест месеци, до 11 мај следната година, изјави денеска австрискиот министер за внатрешни работи Карл Меамер.

Словенија изрази незадоволство поради контролата од австриска страна, нагласувајќи дека таа добро ги штити надворешните граници на Шенген зоната.

Меамер за таквиот потег на Австрија ги известил потпретседателот на Европската комисија, еврокомесарот за внатрешни работи, претседателите на парламентите и министрите за внатрешни работи на земјите од ЕУ.

Австрија во 2015 година воведе гранична контрола на границите во Шенген зоната поради зголемената миграција, а тоа го направи и Германија на границите со Австрија, Франција, Шведска, Данска и Норвешка.

Треба да знаете
Последни објави