Search

Австрија го скрати карантинот за заразени со коронавирус 

Австрија ја скрати должината на карантинот за луѓето кои биле заразени со коронавирус и луѓето кои биле во контакт со заразените. Наместо 14 дена, карантинот сега трае десет дена.

Според Министерството за здравство, оваа одлука е донесена врз основа на научни сознанија.

Заразноста на веќе позитивно тестираните лица без симптоми трае најмногу десет дена.

Кога станува збор за луѓе кои биле во контакт со пациенти, една студија покажува дека во просек трае до пет или шест дена, сè до појавата на болеста.

Во Австрија се спроведува задолжително тестирање на контактите на заболените, и тоа до двапати.

„Важно е веднаш да се тестираате контактите. Сепак, може да се случи првиот тест да биде негативен и затоа има смисла да се повтори по пет до седум дена“, објасни Бернхард Бенка од Министерството за здравство.

Австриските власти предупредуваат дека карантинот не мора да заврши фиксно по десет дена, бидејќи услов за прекинување на изолацијата е 48 часа без симптоми.

Оние кои се сериозно болни, т.е. мора да се интубираат, мора да имаат негативен PCR-тест за да излезат од карантинот.

Треба да знаете
Последни објави