Search

Австрија ги засили царинските контроли поради свинска треска во Србија

Aвстрија ги засили царинските контроли на своите граници за да се заштити од свинска треска што се појави во Србија, соопшти австриското Министерство за финансии.

Целта на цариниците првенствено е приватниот превоз на прехранбени производи од Србија.

Министерството посочува дека свинската треска е многу заразна и смртоносна болест за сите раси на свињи, која може да се пренесе и преку животински намирници.

Министерството предупредува дека увозот на месо и месни производи од Србија, како и од повеќето други земји надвор од ЕУ, е забранет, без оглед на количината.

Редовните проверки од цариниците, како што е најавено, ќе бидат засилени

Треба да знаете
Последни објави