Search

Австриски туристи се заразиле со коронавирусот во Хрватска

Група австриски туристи се заразиле со коронавирусот за време на летниот годишен одмор во Хрватска.

Вкупно шест члена на група од 11 туристи од Долна Австрија биле позитивни на тест за коронавирусот кој го направиле при враќањето во Австрија.

Според соопштение на градот Баден, поради заразените туристи, по утврдувањето на контактите, уште 21 лице се ставени во домашен карантин.

Се претпоставува дека туристите се заразиле на островот Паг.

Инаку, двајца од шесте заразени имале симптоми на болеста, додека останатите биле асимптоматски.

Треба да знаете
Последни објави