Search

Австралија: Ристовски доби само 9 години затвор за убиството на сопругата

Пресудата за Македонецот Борче Ристевски според која е осуден на девет години затвор од страна на Врховниот суд во Мелбурн, за убиството без умисла на неговата сопруга Карен Ристевски, отвори повеќе прашања во австралиската јавност, за тамошниот правосуден систем, пренесоа светските медиуми.

Ристевски би можел да биде ослободен по четири и пол години, ако се земе во обзир времето кое веќе го помина во затвор. Максималната казна за убиство без умисла изнесува 20 години, но бидејќи го признал убиството, Ристевски избегнал доживотна затворска казна.

Македонецот од Мелбурн ја негираше неговата вмешаност во убиството безмалку три години, со што судијата Кристофер Бил истакна дека тој имал „измамничко однесување“, што покажало „отсуство на жалење“, додека „ја играл улогата на ужален вдовец“.

– Не добивме никаква правда денеска. Како општество, во поглед на семејното насилство, ќе заземеме цврст став. Тоа не се случи денеска, кажа Стивен Вилијамс, братот на Карен, по пресудата.

Јавноста со остра реакција:

– Денеска добивме порака оти одземањето на животот на една жена, вреди шест години во затвор од животот на еден маж. Сметаме дека ова не е правда за Карен, како и за нејзините најблиски, истакна организацијата за спречување на семејното насилство „Викторија“.

Инаку, Ристески ја уби сопругата со која често се карал, го зел телото со себе во автомобилот и го исклучил сигналот на мобилниот телефон. Го фрлил во грмушки во близина на парк каде се собрале Македонци и го затскрил со лисја.Најчудно е што откако ја пријави за исчезната, па ја најдоа мртва, се појави на погребот, плечеше и лелекаше.

Неговата ќерка на судењето застана во негова одбрана.

– По чинот на насилство, мојот татко се соочи со губење на работата, на почитта во заедницата и на долгорочни пријателства. Ваквите околности ме оставија без обата родители. Знам дека не можам да сторам ништо за да го сменам тоа, но можам да се обидам да ја кажам вистината за тоа колку добар татко и сопруг беше за мене и за мојата мајка, вели девојката.

Треба да знаете
Последни објави