Search

Австралија: Кардиналот Пел осуден на шест години затвор за сексуално злоставување на две момчиња

Кардиналот и поранешен ,,благајник на Ватикан”, Џорџ Пел е осуден на шест години затвор за сексуална злоупотреба на две момчиња кои се 90-тите години пееле во црковниот хор во катедралата Свети Патрик во Мелбурн.

Седумдесет и седумгодишниот Пел е највисок претставник на Ватикан, на кој му се судело во Астралија за сексуално вознемирување.

,,Според мое мислење, вашето однесување се базира на неверојатна ароганција”, рече главниот судија Питер Кид за време на пресудата која траеше повеќе од еден час. Тој, исто така, верува дека моралната вина на Пел во двата случаи е висока.

Судијата одреди период од 3,8 години, кога нема да може да се бара условен отпуст, а кардиналот до кајот на животот ќе биде регистриран како сексуален престапник. Пел е осуден за пет сексуални престапи во црковните простории извршени пред 22 години врз 13-годишните момчиња кои пееле во хорот на катедралата Св. Патрик и му се закануваше со 50 години затвор.

Треба да знаете
Последни објави