Search

Австралиски планинар два дена ползел со скршената нога

Австралиски планинар кој е повреден откако паднал низ водопад висок шест метри, изјавил дека бил приморан да ја „носи“ скршената нога додека два дена ползел до чистинката на која бил спасен.

Нил Паркер (54) бил сам на патување во близина на Бризбејн, кога во неделата се лизнал и завршил со скршен зглоб и потколеница која пукнала на половина, пренесува Би-би-си. Со оглед на тоа дека во падот го загубил телефонот, одлучил дека најдобар изглед за спас му е да стигне до најблиската чистинка. По дводневна голгота, тој конечно стигнал на саканата локација, каде бил забележан од спасувачи.

„Ползев метар, метар и половина, па паузирав“, изјавил тој за новинарите во болницата каде престојува. „За растојание од три километри, ми требаа цели два дена. Мислев дека никогаш нема да стигнам“, раскажал Паркер.

Тој планирал тридневен излет на локалната планина, но во еден момент камењета под неговите нозе се стркалале и паднал низ водопадот. Паркер во својата опрема имал завои кои ги комбинирал со стапови за да ја имобилизира ногата, а имал и лекови против болки и малку храна.

Треба да знаете
Последни објави