Search

Авион со 200 патници принудно слета во САД

Авион на компанијата „Јунајтед ерлајнс“ со повеќе од 200 патници и членови на екипаж, принудно слета на аеродромот во Бангор, во американската сојузна држава Мејн. До принудно слетување дошло поради проблеми со притисокот во кабината. Авионот вчера попладне, по локално време, од Сан Франциско полета за Амстердам, а рано утрово слета во Бангор.

Во авионот биле 13 членови на екипаж и 197 патници, на кои ќе им биде обезбедено преноќување, пренесе АП.

Треба да знаете
Последни објави