Search

Абубакар се врати во Бешикташ

Камерунскиот фудбалер Винсент Абубакар, со кого саудискиот клуб Ал Наср го раскина договорот за да ослободи место во тимот за португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, се врати во Бешикташ, една и пол година откако го напушти турскиот прволигаш од Истанбул.

„Винсент Абубакар повторно официјално е Црн орел”, напиша синоќа Бешикташ на својот Твитер профил.

Бешикташ соопшти дека со Абубакар е потпишан двегодишен договор.

Максималниот дозволен број странски фудбалери во саудиските прволигаш е осум играчи, а Ал Наср одлучи да ја прекине соработката со Абубакар за да може да го регистрира Роналдо.

Португалскиот фудбалер на крајот од декември потпиша договор со Ал Наср до 2025 година .

Треба да знаете
Последни објави