Search

Абрамович му спрема отказ на Лампард

Челси потроши 250 милиони евра во летниот преоден рок, и се очекуваше да биде во најтесна конкуренција за шампионската титула во Премиер лигата.

По пет кола тоа не е случај, тимот има пет бода помалку од лидерот Евертон иако е пред Манчестер Сити кој има меч помалку. „Сините“ загубија само од Ливерпул, но ремизираа со ВБА и Саутемптон и тоа го запали алармот кај сопственикот на клубот Роман Абрамович.

Медиумите во Англија тврдат дека легендарниот фудбалер, а засега просечен тренер има рок до крајот на месецот да почне да победува во низа, во спротивно ќе добие отказ. Противници во следните четири меча ќе му бидат Севиља, Манчестер Јунајтед, Краснодар и Барнли што значи дека нема да има воопшто лесна задача.

Во случај да не успее да го оствари зацртаното, веќе е подготвен неговиот наследник. Станува збор за италијанскиот стручњак Масимилијано Алегри, поранешниот тренер на Јувентус кој е без ангажман од 2019 година. Тој и порано се поврзуваше со неколку англиски клубови, подоцна и со Реал Мадрид, но по заминувањето од Торино, се уште е на одмор.

Треба да знаете
Последни објави