Search

Абе го предложил Трамп за Нобелова награда по барање на Вашингтон

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир во минатата есен, откако тоа било побарано од САД.

Според весникот Асахи шимбун, Вашингтон сметал дека Токио може да го предложи Трамп за престижната награда по историската средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Весникот се повикува на владин извор.

Информацијата е објавена откако Трамп во петокот објави дека Абе го номинирал него за наградата. Јапонската влада не даде засега коментар за информации на весникот.

Треба да знаете
Последни објави