Search

Зеленски бара легализација на истополовите бракови

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа побара од Владата да го анализира прашањето за легализација на истополовите бракови, но нагласи дека таква одлука не може да се донесе додека трае војната што ја започна Русија.

Киев ја зајакна поддршката за правата на ЛГБТК+ заедницата откако прозападните лидери дојдоа на власт во 2014 година. Парламентот во 2015 година донесе Закон за забрана на дискриминација на работното место, но не и за легализација на истополовите бракови.

„Побарав од премиерот (Денис) Шмихал да го реши прашањето покренато во електронската петиција и да ме информира за релевантните одлуки”, соопшти Зеленски како одговор на иницираната петиција.

Во современиот свет, рече Зеленски, земјата ги покажува своите демократски вредности со тоа што на сите им гарантира исти права.

Сепак, тој истакна дека украинскиот Устав го дефинира бракот како заедница на маж и жена и нагласи дека тоа не може да се промени во воено време.

Според истражувањето спроведено минатата година 47 отсто од Украинците имаат негативно мислење за ЛГБТК+ заедницата.

Треба да знаете
Последни објави