Search

(Видео) Пелоси го напушти Тајван, Кина продолжува со вежбите

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси го напушти Тајван. Нејзината посета предизвика остра реакција на Кина, која веќе се закани со одмазда и почна воени вежби во непосредна близина на островот, кој го смета за своја територија.

Според агенциите, Пелоси, чија делегација вчеравечер дојде во ненадејна посета на Тајван, по посетата на Сингапур и Малезија, ја продолжува својата азиска турнеја со посети на Јужна Кореја и Јапонија.

Нејзиниот авион полетал од тајванскиот главен град Тајпеј околу 18 часот по локално време, објави Ројтерс.

Како одговор на пристигнувањето на Пелоси на островот, Пекинг најави „целна акција“ со своите воени вежби во близина на Тајван, кои почнуваат утре. И Тајпеј и Пекинг ги ставија своите војници во состојба на готовност, а кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји предупреди дека американските политичари „играат со оган“ кога станува збор за статусот на Тајван и дека „нема да испадне добро“.

Кина беше поддржана од Русија, која оцени дека Пекинг има право да преземе „неопходни мерки за заштита на својот суверенитет“.

Брисел, од друга страна, повика новите тензии да се решат преку дијалог и каналите за комуникација со Кина да останат отворени за да се избегнат какви било погрешни пресметки, а Јапонија изрази загриженост поради најавата за кинески воени вежби.

Треба да знаете
Последни објави