Search

ВМРО-НП го повикува Министерството за одбрана да ги објави цените по кои во 2001 година беше купено оружјето од Украина

Откако ВМРО-Народна партија ги разобличи одредени политички кругови во Македонија кои пласираа лажна теза дека тенковите што Македонија ги поклонува на Украина се подарок од Русија, сега се обидуваат да ја дефокусираат јавноста со прашањето пак која била цената за тоа оружје.

Затоа ВМРО-Народна партија го повикува Министерството за одбрана каде што без сомнение постојат тие податоци, слободно да ги објави цените по кои се набавени тенковите, исто така авионите и сето друго оружје што беше купено од Украина.

Ги уверуваме сите манипулатори дека ќе бидат изненадени од неверојатно ниските цени во состојба на неофицијално ембарго и се изложи себе на меѓународен притисок по кои тогашна Украина и го продаде оружјето на нашата држава и беше една од ретките држави кои и помогнаа на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија

Треба да знаете
Последни објави