Search

Ја заклал баба си од Македонија и ѝ ја откинал главата

Италијанец со македонско потекло ја заклал својата баба и речиси и ја откинал главата, пред две недели во градот Фрауенфелд, во кантонот Тургау, Швајцарија. Како што информираат тамошните и медиумите во Италија, 19 годишниот внук на бабата е уапсен, но не се познати мотивите за злосторството.

Жртвата, 74 годишна жена која била на гости кај своите три синови во Фрауенфелд, била пронајдена мртва во станот. Според соседите, пред злостортвото слушнале врисоци и расправија, по што било пронајдено нејзиното тело. Еден од соседите ја пронашол убиената старица и повикал полиција.

Убиецот бил пронајден на аеродромот во Цирих каде се обидел да отпатува во Македонија.

Според медиумите, убиецот бил зависник од дрога и имал психолошки проблеми, но досега немал проблеми со законот.

Сепак, тој дошол со сигнален пиштол на работа во фирмата каде работел како електричар, но никому не му се заканувал па не бил уапсен. Но тој на својот Фејсбук профил имал фотографија на која е со „калашников“. Соседите велат и дека еден месец пред убиството во станот дошла полицијата и брза помош за да одведат некого во болницата.

Семејството, Албанци од Македонија кои подолго време живеело во Италија, пред неколку години се преселиле во Швајцарија. Според соседите, тие не комуницирале премногу со станарите.

Треба да знаете
Последни објави