Skip to main content
Македонија

Чупевска: ВМРО-ДПМНЕ го окупира безбедносниот систем и прави упад во судскиот

06/12/2024  09:43

Ништо што беше ветено во кампањата од ВМРО-ДПМНЕ не е испорачано, а гледаме повторно враќање на старите режимски политики, истакна новата потпртседателка на СДСМ Ана Чупевска, во интервју за телевизија „Клан”.

Прво имаме регионални проблеми, потоа нашето општество спаѓа во ранливите општества од аспект на безбедост проади длабоките разлики е длабоко поделено општество и во нашата ситуација, тој модел што се предлага е неадекватен, од една страна, од друга страна начинот на кој тоа се профилира е многу проблематичен, дури и противзаконски. Се чудам зошто уште ни ДКСК ни ЈО ништо не кажуваат по тој повод, а само излегуваат скандали, рече Чупевска.

Таа нагласи дека тоа е многу важна работа, безбедносниот столб на државата спаѓа во т.н. тврд суверенитет, првата и најглавната линија на одбрана на една држава.

Ако таа е компромитирана значи немаме држава, можеме да влеземе во многу сериозна криза доколку немаме адекватни, салам, кадри таму. Тоа не е играчка, а поготво во контекст кога сме членка на НАТО и во регионален контекст каде што гледаме секојднвено какви предизвици има на релација на Косово и Србија, може да кажеме и Црна Гора, нагласи Чупевска, додавајќи дека втората тенденција или линија да се воспостави режим е фактот наместо да го реформира судството, оваа влада тргна да прави упад во судството.

Без да го почитува уставниот принцип за подлеба на власта, отворено се меша во правосудните работи, таргетира, сатанизира обвинители. Не сакам да повторувам како премиерот се однесуваше кон обвинителките навредувајќи ги како жени  и тоа заврши со оставка со оставка на Дамева, што воопшто не е наивна работа, рече Чупевска.

Потпретседателката Чупевска нагласи дека веќе има удар во безбедносниот сектор, има удар на судскиот систем и има удар на меѓуетничка основа.