Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:
Црвена младина со делегација учествуваше на традиционалната комеморација во чест на македонските војници од Вардарскиот баталјон, одржана во црквата „Св. Ѓорѓија” на Костолачка Коса до Пожаревац.
Настанот беше организиран од Македонското здружение „Кочо Рацин” од Белград, како дел од одбележувањето на значајните историски настани за македонскиот народ.
На церемонијата, со полагање на венци и оддавање почит, се одбележа жртвата на 1295 македонски војници, кои ги загубија своите животи во борба против австроунгарската и германска војска за време на Првата светска војна. Поголемиот дел од овие храбри борци, мобилизирани од североисточна Македонија, го положија животот на фронтот, борејќи се во состав на српската војска.
Овој настан е важен потсетник за големите жртви на Македонците, не само во борбата за сопствено ослободување, туку и во заедничката борба на братските југословенски народи против големите империи од 19. и 20. век, кои не смеат да бидат заборавени.