October 1, 2022 13:17
Македонија

(Фото галерија) Протест пред Собранието на „Бојкотирам за уставни измени“

Фото: Слободан Ѓуриќ

Повеќе илјади граѓани и покрај лошото време се собраа на протестот пред Собранието во организација на движењето „#Бојкотирам уставни промени”. Барањата на движењето  „#Бојкотирам” се трајна заштита на името на Македонија, итно и безусловно запирање на процесот на уставни промени,  почитување на домашното и меѓународното јавно право, распуштање на, како што велат, делегитимизираното Собрание, и распишување вонредни парламентарни избори и еднострано правно поништување на Преспански договор. 

На протестот беа присутни членови на повеќе здруженија меѓу кои „Христијанско братство“, како и на партијата „Единствена Македонија“. Организатор на протестот е Тодор Петров од Светскиот Македонски Конгрес, а меѓу говорниците беа Солза Грчева, отец Ивица и други. Организаторите претходно демантираа дека Јанко Бачев, Филип Петровски и други ним блиски организации се организатори. Бачев и Петровски беа во првите редови на протестот, па во еден момент Петровски се обиде да се качи на бината, но беше спречен од обезбедувањето по што се повлече.

Поврзани вести

„Војна“ меѓу Адора и БЕГ зa топланите- биле под закуп или во стечај?

Igor

Се спрема ли нов политички субјект? Данела, Стевчо, Максим и „Огнените“ од ДУИ во лов гласови од разочараните граѓани

admin

Муса Џафери: Или оставка на Груби или војната во ДУИ ќе ескалира

admin