Хроника

(Фото)Почина еден од повредените полицајци, завчера добил решение за автопатска полиција

Сефет Бајрами, еден од двајцата повредени полицајци во сообраќајката кај обиколница починал во болница, дознава 24 инфо. Бајрами бил дел од патролата на собраќајната полиција, која настрадала вршејќи ја должноста на патот. Дознаваме дека тој завчер добил решение за работа во автопатска полицција.
Претходно од Основното јавно обвинителство информираа дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница.

Според првичните сознанија, несреќата се случила кога сообраќајна полициска патрола запрела возило БМВ со гостиварски регистарски таблички кое возело со брзина поголема од дозволената. Додека полициските службеници разговарале со возачот на автомобилот, на нив налетал камион со скопски регистарски таблички. Од ударот, автомобилот БМВ се запалил и целосно изгорел. Притоа, на лице место животот го загубил совозачот во автомобилот БМВ.

 

По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција врз починатото лице, додека од возачот на камионот ќе бидат земени примероци од крв и урина заради испитување на присуство на алкохол или други супстанции кои би можеле да влијаат на неговата способност за управување со превозно средство. Врз камионот ќе се врши вонреден технички преглед со цел да се утврдат причините за несреќата.

Поврзани вести

Еднакви кон сите: Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат своите слободи и права

Igor

Македонец не учествувал во атентатот врз водачот на Кавачкиот клан

Igor

ИВЗ го разреши реисот Сулејмани

Igor