Skip to main content
Македонија

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

24/11/2024  11:32

Наголемо се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка и граѓаните треба да ја очекуваат наредниот месец со околу 500 производи, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд. Тој рече дека се извршени сите консултации со стопанските комори, синдикатите и Асоцијацијата за заштита на потрошувачите.

Тој е уверен дека потрошувачката кошничка ќе донесе бенефити за граѓаните.

-Граѓаните секако треба да ги очекуваат бенефитите од новогодишната потрошувачка кошничка. Ние најавивме повеќе такви потрошувачки кошнички за најголемите празници кога потрошувачката на одредени производи е најголема. Со ова имаме две цели – да не дозволиме инфлацијата да оди нагоре, како и стабилизирање на цените на основните прехранбени производи, посочи Ристески.

Министерството за економија и труд будно ја седи примената на Законот за нефер трговски практики. Договорите се потпишани со маркетите. Има детектирани два клучни проблеми, повратот на стоката и во однос на маркетингот.

-Со Владата, и со Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе гледаме да донесеме соодветни одлуки кои ќе бидат во интерес и на производителите, и на добавувачите на маркетите и секако, во интерес на потрошувачите, рече Ристески.