Skip to main content
Македонија

Подкаст Зрак – нова содржина во соработка со 24инфо посветена на здравјето 

26/10/2024  14:25

Во период на хиперпродукција на подкасти, Хан продукција во соработка со 24инфо.мк започнува со продукција на видео содржини во кои се разговара за здравјето на сите генерации. Во соработката во главна улога се наоѓа д-р. Марина Вукашиновиќ Столеска специјалист по онкологија и радиотерапија. 

Во недела започнува емитувањето на подкастот Зрак каде еминентни доктори, медицински лица и јавни личности ќе се зборува за превенцијата и лекувањето на тешки болести, со лични сведоштва на гостите и докторите. 

Првата епизода ќе се емитува в недела на 27ми октомври во 21.00 часот, каде освен водителката д-р Марина Вукашиновиќ гости беа д-р Славица Чалческа раководител во ГОБ 8ми септември специјалист радиолог познатата Лила Филиповска која за прв пат, јавно ќе ги сподели своите искуства во борбата против карциномот на дојка. 

Во продолжение извадок од гостувањето, а целиот разговор ќе можете да го погледнете во недела од 21.00 часот.