Search

Планинар на Шапка добил срцев удар, со хеликоптер на МВР пренесен во болница

Планинар од Куманово доживеал срцев удар додека бил на планинарска тура на Попова Шапка, дознава 24 Инфо. Ангажиран бил хеликоптер на МВР со кој планинарот бил пренсен во болница, потврдија од министерството.

Според полицијата, планинарско друштво „Јелак“ организирало тура на планинатаа, при што на еден од учесниците, кој е од Куманово добил срцев удар. Организаторите веднаш ја алармирале полицијата која испратила хеликоптер. Леталото околу 13 часот интервенирало и хеликоптерот слетл директно во кругот на Клинички центар „Мајка Тереза“ по што планинарот бил згрижен.

За сега нема информации за неговата здравствена состојба.

(Д.В.)

Треба да знаете
Последни објави