Search

Монтажните болници уште не се во функција зашто Филипче мислеше како да го зголеми плацот во Нерези на кој гради хациенда

Соопштение до јавноста – реакција на изнесените ставови на Венко Филипче

Во Македонија за една недела имаме 2000 заболени, колку што Филипче тврдеше дека ќе има за цела пандемија, а тој наместо да поднесе одговорност за катастрофални промашувања префрла одговорност.

Трагично е што за Филипче 3 месеци потоа виновен е Наќе Чулев и Гордана Димитриеска Кочовска, а не на пример Оливер Спасовски кој ништо не презема за санкционирање на еден клуб од Струмица кој се вика „Аватар“ и не се затвора затоа што е близок до власта на Заев.
Монтажните болници кои се уште не се во функција не е за тоа што Димитриеска Кочовска ги блокирала, туку затоа што Филипче наместо да ја заврши работата мислеше како да го зголеми плацот во Нерези на кој гради хациенда со сегашниот заменик министер за здравство.

Гордана Димитриевска Кочовска не потпиша заем од 90 милиони евра чие образложение беше на срамни два листа хартија. Тој криминал не поминува.
До кога Заев и министерот за смрт и зараза ќе бараат алиби за својата неспособност со која убиваат луѓе? Луѓе се заразуваат и умираат затоа што Венко Филипче и Зоран Заев тераатпи ар наместо суштинска политика. Сите се навикнаа дека секогаш некој друг е виновен за неспособноста на министерот за смрт и зараза Венко Филипче, само тој не, а тој е најголемиот виновник за сите несреќи што и се случуваат на Македонија од март до денес. А тие несреќи се 20.000 заразени и 775 починати.

Филипче треба да собере храброст и да си поднесе оставка, а не се уште да ја манипулира јавноста.
Заев и Филипче имаа 6 месеци да ги зголемат капацитетите на јавното здравство и тоа не го направија. Заев и Филипче се една трагична епизода на македонската приказна, која треба што поскоро да заврши.

Треба да знаете
Последни објави