Skip to main content
Хроника

Мигранти од Сирија пронајдени во рент а кар од Скопје: Приведени шверцери те

18/10/2024  15:08

Во 12.30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица во близина на наплатната станица Гевгелија, во правец кон Скопје, сопреле патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент а кар агенција од Скопје, а управувано од И.А.(54) од Р.Турција. Притоа во возилото се откриени седум лица илегални мигранти од Сирија, од кои три лица се малолетни. И.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.