Министерството за внатрешни работи го потврди случајот за пукање во близина на скопската обиколница, информирајќи дека инцидентот го пријавил граѓанин кој ловел риба на езерот.
-Денеска (24.10.2024) во 13.25 часот во СВР Скопје граѓанин пријавил дека додека ловел риба на Смилковско езеро, забележал три лица како излегле од патничко возило „пежо 106“ и едното од нив извадило огнено оружје со кое испукало неколку истрели во воздух. Потоа, лицата со возилото го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ велат од МВР.