September 30, 2020 08:01
Економија

Лекарите во Германија месечно земаат 9.600 евра, фризерите и келнерите по 2.000 евра

Германскиот портал Gehalt.de ги објави најновите податоци за највисоките и најниските плати во Германија за 2019 година.

Највисоките плати во земјата ги имаат најискусните лекари кои годишно заработуваат околу 115.320 евра бруто плата, експертите за продажба со заработка од 99.635 евра, директорите на фондовите имаат 83.640 евра, а лекарите-специјалисти 80.720 евра годишно.
Меѓу најплатените се уште и финансиско-сметководствените менаџери, регионалните менаџери за продажба и статистичарите.
Од друга страна, најслабо платени се работниците во кујна чија годишна плата изнесува околу 21.907 евра, фризерите имаат 23.202 евра, келнерите или келнерките 23.620, работниците во кол-центрите 25.200 и рецепционерите имаат годишна заработка од 25.370 евра.
Меѓу најслабо платените работници во Германија се наоѓаат уште и благајниците, готвачите, денталните асистенти, негувателите и возчите.