Skip to main content
Uncategorized

Какви се музички ѕвезди не направија концерти, но никој не се осуди да го наполни стадионот – Тоа го можеше само Тоше, коментира негов пријател

26/11/2024  15:20

Годинава се навршија 17 години од загинувањето на нашата најголема музичка легенда Тоше Проески, но и по толку години нема музичка ѕвезда која би можела да го замени.

Периодов голем број на македонски но и регионални ѕвезди со свои концерти дојдоа во Македонија и ги наполнија спортските сали “Борис Трајковски” или “Јане Сандански”, но како што потсетува Стерули Штерјоски, пријател на покојниот Тоше, никој не се осмели да направи концерт на поранешнипт стадион, кој Тоше го наполни непосредно пред неговата смрт, а денес го носи неговото име.

– Какви се не музички ѕвезди со 20, 30 годишни кариери направија концерти во Македонија во спортскиве сали ама никој не се осуди да направи на стадион да собери 35,40 илјади луѓе, тоа го направи само едно младо момче од Крушево пред 20 години и тоа само со своите песни. И било каде да се појавеше собираше огромна маса на луѓе,и тој беше единствениот на овие простори што ги спои сите југословенски народи (Македонци, Срби, Црногорци, Босанци, Хрвати, Словенци) на едно место да се дружат без омраза.. е тоа неможеше да го направи нити еден политичар. За неговата хуманост не треба ни муабет да правиме. Сега јасно ви е зошто Тоше беше најголема музичка поп икона на балканот на која музичките експерти му предвидуваа светска кариера. А имаше потпишано преддоговор со англиска продукциска куќа од Лондон. И дури сум јас жив и сите негови фанови неговото лик и дело ќе го чуваме од заборав, а неговата музика ќе се слуша секој ден и насекаде, напиша Штерјоски на Фејсбук.

Тој беше еден од неговите најблиски пријатели од Крушево кој го следеше на сите негови концерти и настапи.