Skip to main content
Македонија

Димовски: Велибор и Боре отворено кажале дека и таткото е инволвиран во грабнувањето

18/10/2024  12:25

Во текот на истрагата за киднапирањето и убиството на малата Вања, полицијата добила значајни искази од Велибор Манев и Боре Видевски, кои ја засилиле сомнежот за инволвираноста на таткото, Александар Ѓорчевски.

Началникот Дејан Димовски во своето сведочење посочи дека иако Влатко Кешишев не ја потврдил таа информација, Велибор и Боре биле јасни во нивните искази.

„Велибор и Боре отворено ни кажаа дека и таткото е инволвиран во киднапирањето и убиството на Вања. Со нивните искази, заедно со внимателно разгледување на сите околности, се создаде силен сомнеж во неговата улога во ова злосторство,“ објасни Димовски.