Skip to main content
Uncategorized

ВМРО-ДПМНЕ: Овој правосуден систем со 2% доверба го партизираа СДС и ДУИ

18/09/2026  10:30

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Овој правосуден систем со 2% доверба, кој штити политички моќници од опозициските редови, го создадоа и партизираа СДС и ДУИ.

А, сега гледаме дека таквата партизација со нивни инсталации бирани во партиските штабови во Струмица и Зајас, СДС и ДУИ го правеле, за сега да ги штитат нивните интереси и на нив блиските моќни поединци.

Дел од инсталациите во правосудниот систем, блиски и дел до структурите на СДС се лица како Весна Дамева, поранешен претседател на Судскиот совет, која била член на партиска комисија на СДС.

Тука е и Добрила Кацарска, судијката која изрече вкупно 211 години затвор за случајот 27 април, па како награда, СДС ја инсталираше во Уставниот суд, која денес продолжува да работи во нивен интерес и за политички поени, грчевито да се бори да го укине линеарното зголемување од 7000 денари на пензиите.

Не треба да го заборавиме Наќе Георгиев, кој токму во периодот на власта на СДС, напредуваше до Врховниот суд, а потоа стана и член на Судскиот совет.

И секако, во оваа екипа дел е и Вилма Русковска, обвинителката која го застапуваше обвинението за 27 април, која стана еден од главните симболи на обвинителството во времето на СДС и на ДУИ.

Ова е класична партизација и инсталација на подобни кадри во правосудството, кои наместо во интерес на правдата и граѓаните, работат за да ги заштитат интересите на СДС и ДУИ.

Овие лица со години напредуваа во кариерите, извршуваа дел од највисоките позиции во правосудството, за сметка денес да бидат заштитени поединци и моќници блиски до СДС и ДУИ, како што е и еден од последните случаи на затворање на истрагата на модуларните болници и спасот од кривична одговорност на Венко Филипче.

Поголем доказ од ова дека правосудните инсталации на СДС и на ДУИ имаат име и презиме, нема.

Но тоа што треба да се знае е дека, веќе е време во Македонија да стави крај на правосудство предводено од СДС и ДУИ и законот да важи еднакво за сите.