Skip to main content
Македонија

Гаши: Доколку има политички договор, Собранието е подготвено за донесување на уставните измени

28/11/2024  12:35

На денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието, Африм Гаши нагласи дека законодавниот дом е подготвен да ја почне процедурата за донесување на уставните измени, доколку, како што рече, има политички договор.

Гаши смета дека веќе имаат обезбедено потребното двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени.

-Мислам дека имаме две третини. Тој процес во Собрание, мислиме дека лесно ќе помине и ќе го реализираме, но зависи од политичкиот моментум, рече Гаши.