Skip to main content
Македонија

Во првата декада од ноември Балканот го очекуваат дури два зимски удари?!

25/10/2024  15:57

Според последните денешни езлези на прогностичките модели и информации со кои располагам, во првата декада од месец Ноември на Балканот го очекуваат дури два рани зимски удари. Првиот околу 3,4 Ноември, а вториот околу 7, 8 Ноември.

Овие многу ладни продори од северот  и од североистокот на Европскиот Континент кон Балканскиот Полуостров би условиле да дојде  и до првото провејување на снег во градовите ширум Балканот.

Се на се, оваа година зимата може да ја почувствуваме  и многу порано за разлика од изминатите години.

Состојбата околу ова постојано ја следам и објавувам најнови информации околу овој можен зимски удар, и во следниот период, како ќе доаѓаат новите ажурирања на прогностичките модели јас ќе продолжам да ве информирам со најновите детали околу ова можно зимско сценарио нво првата декада од Ноември.