Skip to main content
Хроника

Внимавајте: Гостиварка пријавила интернет измама

29/11/2024  17:32

Гостиварка пријавила интернет измама.

Во ОВР Гостивар, вчера во 14.30 часот, 42 – годишна жена од Гостивар пријавила дека била измамена.

На 25 месецов преку социјална мрежа нашла веб страница на која прво требала да уплати одредени парични средства и да изврши задачи за да ѝ биде исплатена заработувачката.

„Како што е пријавено, откако во два наврати уплатила вкупно 170 долари и ги извршила задачите едно лице ѝ се јавило и барало да уплати уште пари, по што сфатила дека е измамена. Исто така, според пријавеното, после тоа на интернет нашла друга веб страна и побарала помош да си ги врати парите и преку социјална мрежа стапила во контакт со едно лице, кој преку апликацијата влегол во нејзиниот телефонски уред и од нејзината банкарска сметка резервирал 119.000 денари и потоа ѝ се јавил и побарал уште 200.000 денари“, стои во полициското соопштение.

СВР Тетово наведува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходно, во ист ден, двајца охриѓани пријавија измами.