Приватниот автобус што сообраќа на линијата 22 повеќе од 24 часа стои паркиран на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Се уште не се знае дали автобусот се расипал или возачот само така го оставил на фреквентна локација.
Автобусот паркиран непосредно пред влезот на еден од паркинзите на Градски ѕид, го отежнува движењето во сообраќајот во овој дел од градот.
До овој момент, нема никаква реакција од институциите.