March 27, 2019 02:26
Македонија

(Видео) Полицијата спречи протест пред домот на пратеничката Емилија Александрова

Дваесетина граѓани и претставници на движењето „Македонија блокира“ направија обид да се соберат пред домот на пратеничката Емилија Александрова, која, како што велат, е една од 8-те пребегани и уценети пратеници.

Во соседството каде што живее Александрова можеше да се забележи силно полициско присуство, па организаторите не успеаја во намерата да ѝ го предадат писмото, во кое, како што рекоа, се образложени причините зошто таа не треба да гласа за уставните измени.

Сепак, претставници на „Македонија блокира“ одржаа говор на разглас, кој останатите присутни го проследија држејќи свеќи во рацете.

„Дигнете глава, ние сме со вас. Излезете со нас, простено ќе ви биде. Дојдете да ја спасиме Македонија заедно, сега веќе нема простор за играње на две столчиња – или сте со народот или не“, рече во својот говор еден од организаторите на протестот.

Собирно место за учесниците беше Собранието, а потоа поворката се упати кон домот на Александрова.

Претходно, „Македонија блокира“ слични настани организираше и пред домовите на други пратеници од опозицијата кои ги поддржаа уставните промени.

Нови вести

ВМРО-ДПМНЕ демантира: Амандманите на Дескоска ѝ се пратени во 16.19 часот

Igor

(Фото) Менкиноски и ги доставил амандманите на Дескоска во 20.19 часот

Igor

Заев: Нови рекорди на странски инвестиции – 624,5 милиони евра

Igor