October 25, 2020 08:26
Хроника

(Видео) Двајца повредени во судир на „голфови“ во Бутел

Најмалку две лица се повредени во судир на два автомобили вечерва во Бутел, дознава 24 Инфо.

Сообраќајната несреќа се случила на крстосницата од булеварот Христијан Тодоровски Карпош и улицата Ферид Бајрам кај старото кино „Бутел“.

Тогаш се судриле автомобили „голф 2“ и „голф7“. На местото веднаш дошла екипа на Итната помош, која однела во болница две лица од постариот „голф“.