Search

Борел оствари телефонски разговор со Вучиќ, Тачи и Курти

– Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел, остварил телефонски разговор со српскиот претседател и косовските претседател и премиер за да разговара за идниот претставник на ЕУ за регионот, соопштија од кабинетот на Борел.

За ова прашање веќе стана збор за време на посетата на шефот на европската дипломатија на Србија и Косово пред неколку дена, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Унија се подготвува да испрати „специјален претставник за Дијалогот и западниот Балкан”, според официјалната формулација.

Се очекува на ова место да биде назначен словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак.

Борел во телефонскиот разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот претседател Хашим Тачи и косовскиот премиер, Албин Курти, разговарал денеска за оваа одлука на Европската Унија.

Високиот претставник нагласи дека ова назначување ја одразува важноста што ЕУ и тој лично им ја дава на регионот и неговата стабилизација и напредок на патот кој ЕУ. Борел потсети дека тој лично останува силно посветен на поддршката на европската перспектива на западниот Балкан и неговата улога на олеснувач во дијалогот Белград – Приштина.

Србија и Косово го замрзнаа дијалогот за нормализација на односите пред година и половина кога Косово воведе зголемување од сто отсто на царините врз увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина.

Треба да знаете
Последни објави