Skip to main content
Свет

Американците прв пат успешно тестираа хиперсонична ракета

14/12/2024  10:54

Соединетите Американски Држави успешно тестираа конвенционална хиперсонична ракета на Флорида, само неколку недели откако Русија по првпат во борба го употреби својот нов балистичка проектил „Орешник“ кој може да носи и нуклеарни боеви глави.

Американскиот хиперсоничен систем со долг дострел, познат како „Дарк Игл“, ја лансирал ракетата од вселенската станица Кејп Канаверал, со што е завршено сеопфатното тестирање, објави Пентагон.

Ова е првт успешен тест на системот „Дарг Игл“, при што се користени оперативен батериски центар транспортно-подигачки лансер.

Хиперсонични проектили, кои достигнуваат брзина поголема од 5 маха (пет пати поголема од брзината на звукот), претставуваат значаен чекор напред во воената технологија. Поради нивната брзина, дострел и маневрирање, тие можат да ги заобиколат повеќето постоечки системи за воздушна и ракетна одбрана, што ги прави револуционерно оружје.