Search

(ВИДЕО) Овој човек едвај се одбрани од леопардот и тоа со голи раце

Леопард дојде во едно индиско село каде нападнал неколку луѓе, а на интернет се појави и застрашувачка снимка на која се прикажува човек како се бори ѕверот со голи раце.

На снимката се слушаат крици од несреќен 60 годишен човек кој се бранел со голи раце, а мештаните во неверување гледаа што се случува. Леопардот скокна врз мажот и го гризна.

Индиецот успеа некако да се одбрани со стап и да се тргне од канџите на леопардот.

На крај, тројца луѓе завршија во болница, а мештаните успеаја животното да го тргнат од селото.

 

https://www.youtube.com/watch?v=W1M5d065Xpo

 

 

Треба да знаете
Последни објави