Search

Украден автомобил што бил оставен за поправка пред скопски сервис

Во текот на вчерашниот ден 39-годишен скопјанец во полиција пријавил дека во периодот од 28 до 29 месецов непознат сторител го одзел неговиот автомобил „рено клио“ од улицата „Мирче Мацан“.

 

Според исказите, возилото на 26 март било паркирано пред автосервис со клучеви во бравата и било оставено за поправка.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави