November 18, 2018 20:08
Живот

Трогателна исповед: Сопругата ме остави мене и нашите три деца на Божиќ!

Еден маж од едно мало место на Јадранот пред две години останал сам со своите три мали деца.

Неговата сопруга го оставила за својот помлад љубовник, а не била премногу вознемирена ниту од солзите на нејзините деца – седумгодишната и петгодишната ќерка и двегодишниот син.

Ова е неговата исповед:

“Јас и децата бевме многу весели тоа божиќно утро. Тие трчаа да ги отворат подароците под елката, а јас трчав по нив, внимавајќи да не паднат по скалите. Во дневната соба нè дочека мојата сопруга. Таа седеше на каучот во капут, а покрај неа се наоѓаа два куфери. Збунето стоевме и ја гледавме.

Најстарата ќерка ја праша: “Мамо, каде одиме? Уште не сме ги отвориле подароците”. Мојата сопруга ништо не одговори туку стана од каучот и ме повика во кујната. Ми кажа дека повеќе не може да живее на овој начин, дека отсекогаш знаела дека не е мајчински тип и дека си заминува. Кога ја прашав каде ќе живее, таа ми одговори дека одлучила да замине кај својот љубовник кој е речиси шест години помлад од неа и со кој се гледа веќе една година.

Останав без зборови. Таа се сврти, си ги зема работите и замина. Децата почнаа да плачат иако не им беше сосема јасно што се случува. Ја почувствуваа таа ужасна атмосфера во воздухот. Најмладиот син ја прегрна околу ногата, а таа само ладно го оттурна и излезе.

Децата долго плачеа по нејзиното заминување. Ми поставуваа мноштво прашања, а јас до ден-денес не се сеќавам што им одговарав. Се чувствував како сè околу мене да исчезнува –до мене допираа само детски гласови и плач, но јас не бев таму.

Со часови седев на подот, а децата седеа околу мене во тишина. Владееше неопислива тага. Однадвор одекнуваа веселите божиќни песни и смеата на соседите, а нам тој Божиќ нѝ беше најлошиот ден во животот.

По неколку дена почнавме да си доаѓаме при себе. Нејзината мајка дозна што се случило и веднаш дојде. Таа ми помагаше околу децата и постојано зборуваше како нејзината ќерка е “безчувствителна к*чка”. Подароците останаа под елката со денови – дури ни децата немаа волја да ги отворат.

Оттогаш поминаа речиси две години. Децата го прифатија фактот дека нивната мајка ја гледаат ретко и дека не можат да се потпрат на нејзините ветувања. Но, тие повторно научија да се радуваат на празниците. Минатата година за Божиќ отпатувавме во Австрија кај моите роднини, а оваа година одлучивме да останеме дома. Сепак, секое приближување на овој празник во мене создава чувство на непријатност и немир.

Мојата поранешна жена го напуштила својот љубовник. Како што дознав, тој пронашол друга жена. Таа проба да ми се врати, но ја запрев уште од старт. Не ме интересираа нејзините извинувања и изговори – таа може да ги гледа децата, сепак им е мајка, но ќе остане само на тоа”, изјавил таткото.

Related posts

Колку често треба да ја менувате четката за заби?

24news

Како да препознаете дали имате мигрена или обична главоболка?

24info

Наутро не треба да пиете сок од цеден портокал

24info