Search

Радовишанец со камион удрил во кабина на Табановце, повреден еден полицаец

На Граничниот премин Табановце, на лента за пасошка контрола, товарно моторно возило со радовишки регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Радовиш, а управувано од К.Г. (55) од Радовиш, удрило во кровната конструкција од кабината од пасошката контрола и целосно ја оштетило.

Од искршените стакла со повреди на левата рака се здобил полициски службеник кој работел на пасошка контрола во кабината. Тој бил пренесен во Општа болница Куманово, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави