Search

Новиот Клинички центар најверојатно ќе никне на старата локација, Заев вели дека е законски тендерот со италијанската фирма

Новиот Клинички центар најверојатно ќе никне на старата локација, Заев вели дека е законски тендерот со италијанската фирма

Премиерот, Зоран Заев, рече дека е законски тендерот за избор на италијанската градежна фирма која ќе го гради новиот Клинички центар, а кој го спроведе претходниот министер за здравство, Никола Тодоров. Како што рече Заев во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање на пратеникот Павле Богоевски, се работи за законска постапка за избор на изведувач, надгледувана од Банката на Советот на Европа, која е кредитор на оваа инвестиција.

-Дилемите се расчистени што се однесува до правно-формалните аспекти, иако секогаш може да се направи дополнитена истрага. На тендерот нема дилема за постапката за избор на изведувачот. Она што е проблематично е слабата организација на сообраќајот на оваа локација – рече Заев.

Владата, објасни тој, ги разгледува опциите дали локацијата да се промени или Клиничкиот центар да се гради на веќе предвидената локација, во рамки на комплексот клиники. Доколку Владата реши да ја промени локацијата, рече тој, тоа неколкукратно би ја поскапило инвестицијата.

-Исправно е да се гради таму Клиничкиот центар, а проблемот со сообраќајот би се решил со изгадба на две катни катни гаражи. Едната од страна на улицата Водњанска, а другата од страна на МВР. И двете ќе понудат околу 3.700 нови паркинг места. Она што треба парламентот да го знае е дека одлуката да градиме на веќе предвидената локација ќе ја чини Македонија 85 милиони евра, плус камата. Парите се обезбедени преку Банката на Советот на европа, и кредитот од 140 милиони евра е наменети и за изградба на штипската болница.

Доколку се решиме за нова локација ќе мора да решаваме имотно-правни односи, ќе треба да бараме нов изведувач и да платиме пенали за откажување на проектот во износ од 5,5 милиони евра оштета. Се заедно со нова документација и нов тендер, ќе не чини и време, па камен темелник ќе треба да поставиме за четири до пет години – појасни Заев.

Треба да знаете
Последни објави