Search

КЕЖАРОВСКА: Нека ми се јават, ќе чујат како е да си семејство на притворен!

Емоции, спроведување на правда, желба за правичност, обвинувања за “егзекуции“ мотивирани од партиски освети.

Лавина на реакции во научните и политичките кругови предизвикаа апсењата и притворите на познати личности, пратеници, членови на Вмро-Дпмне, осомничени за тероризам во крвавите настани во Собранието од 27 април, годинава. Дел од јавноста смета дека секој кој посегнал по уривање на уставниот поредок и загрозување на животот на луѓето, беа разлика на општествениот статус, мора да понесе одговорност. Од опозицијата обвинија дека власта се пресметува со луѓето кои ја сакаат и ја бранат земјата. Од власта велат дека се почитуваат и спроведуваат законите, и дека секој мора да биде еднаков пред законот. 

Кежаровска: Ова што се случува не е ниту за смеење, ниту за ситење!

Марина Кежаровска, сопруга на новинарот Томислав Кежаровски кој заврши во затвор за време на власта предводена од Вмро-Дпмне, од човечки аспект вели дека сегашната ситуација не е ниту за смеење ниту за ситење, но во исто време има порака до оние кои велат дека е срамно за државата што дозволува во притвор да одат познати јавни личности, родители на деца.

“Ова што се случува деновиве, а што претпоставувам ќе се случува уште извесно време, после се она низ што поминавме во 11 години предводени од Никола Груевски, ниту е за смеење, уште помалку за ситење. Јас воопшто не се радувам на било чие апсење. Напротив сочуствувам со нивните семејства, особено децата. Ние поминавме низ своевиден пекол. Само ние знаеме како го поминавме затварањето на Томче. Се соочивме со медиумска тортура. Сега душегрижници се прашуваат како им е на децата на притворените. Нека ми се јават јас ќе им кажам. Нека и се јават на нашата ќерка и таа ќе им каже..Нашата ќерка која тогаш имаше тринаесет години се ќе им објасни, од А до Ш. А кој нам ќе ни ги залечи раните од тие денови, месеци, години од солзите и побелените коси?… Правда мора да има за сите, па и за луѓето што сега се притворени…“ – вели Кежаровска за “Фактор“

 

прочитајте повеке на www.faktor.mk

Треба да знаете
Последни објави