December 11, 2018 17:36
Македонија

Ја загуби најважната битка, почина малиот Давид Стојановски од Кратово

Ја загуби најважната битка, почина малиот Давид Стојановски од Кратово

Пред нешто повеќе од година и половина, момчето од Кратово со волшебна насмевка ја крена македонската јавност на нозе.

Веста за подмолната болест која го нападна 12 годишниот Давид се прошири со брзина на светлината.

Со бројни донации од сите страни на светот, се собраа средства за итна операција на ногата и спасување на животот на детето што сакаше да биде фудбалер.

Виенскиот лекар д-р Коц на најпрофесионален начин ја ампутираше ногата на Давид и му вгради протеза за да може да се движи.

Но, подмолната болест своите одвратни пипки ги пушти до неговите бели дробови, па битката за живот на младото момче продолжи.

По низа хемотерапии, зрачења, патувања до Виена и Скопје, сите се надевавме дека Давид ќе застане на нозе и дека ќе ја победи подмолната болест.

За жал, денес стигна кобната вест. Давид ја загуби најважната битка. Замина меѓу ангелите. Прерано и маченички.

 

Related posts

Мотоциклист загина на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје

24info

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го цензурираше говорот на Христијан Мицкоски

24info

Унгарскиот Хелсиншки: Груевски доби ВИП-третман, a силувана жена остана без азил во Унгарија

Valentina