Search

Груби ја заврши расправата за Законот за јазиците

Синоќа, пред полноќ, Комисијата за европски прашања и Законодавно-правната комисија, го заклучија второто продолжение, трет ден амандманска расправа по однос на Предлог законот за употреба на јазиците.

Комисијата за европски прашања, три работни дена водеше претрес по првиот амандман, а во дискусијата по амандманот учествуваа пратениците: Артан Груби, Весел Мемеди, Реџаил Исмаили, Ејуп Аљими, Џеват Адеми и Реџеп Мемеди.

Во рамките на условите предвидени во член 171-в став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата не успеа да се произнесе по првиот амандаманот.

Од истата причина во согласност со Деловникот, Комисијата за европски прашања не водеше претрес и по останатите поднесени амандмани бидејќи беше истечен рокот од најмногу три работни дена за водење на претресот по амандманите.

Со тоа, Комисијата за европски прашања ја затвори 6-тата седница без ниту еден прифатен амандман од сите 90, колку што беа поднесени и Предлог законот за употреба на јазиците го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија

За известител на седницата на Собранието беше избран Претседателот на Комисијата, Артан Груби.

Треба да знаете
Последни објави