December 11, 2018 17:28
Хроника

Две лица каснати од куче вчера во Скопје

54-годишната С.С од Скопје, вчера во Полициска станица Центар пријавила дека претходниот ден околу 14.30 часот на улица Јужен Булевар била нападната од куче скитник, кое ја каснало во пределот на левата надколеница.

Вчера околу 17.40 часот  на улица Тиранска 49- годишниот С.Ѓ од Скопје пријавил дека бил нападнат од куче од расата шарпланинец, при што бил изгризан по телото, поточно по стомакот, нозете и по раката.

По нападот С.Ѓ добил медицинска помош во Ургентниот центар во Скопје.  

Related posts

Украдениот пиштол најден во кругот на Клинички

24news

Над 200 возачи во Скопје возеле побрзо од дозволеното

24info

Возило излетало од патот кај Велес, повредени пет лица

24info