January 22, 2019 22:52
Македонија

ДУИ: Назначувањето на Лазар Еленовски е наш предлог

ДУИ: Назначувањето на Лазар Еленовски е наш предлог

„Со оглед на објавените информации во јавноста за назначувањето на Лазар Еленовски како специјален пратеник на Владата на Република Македонија за НАТО интеграции во Брисел, би сакале да ја информираме јавноста, дека г-дин Лазар Еленовски, исто како и во 2012 година, кога беше назначен за амбасадор во Брисел, така и сега, назначен е како специјален пратеник на Владата во НАТО, како кадровско решение предложено од ДУИ.

Лазар Еленовски претставува исклучително стручен познавач на евроатлантските интеграции и со своето знаење и експертиза ќе обезбеди значаен придонес во евроатлантските аспирации на Република Македонија“ се вели во соопштението на ДУИ.

Related posts

Нов циклон во Македонија – Флоријан добро ќе нѐ потопи

24news

Синот на Мијалков куртули од обвинение за крвавиот четврток

24news

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи решение кое поразбира промена на Уставот, а со цел промена на уставното име

24news