December 11, 2018 17:07
Хроника

Драма во Скопје: Со стапови му ја кршеле куќата и го претепале

Драма во Скопје: Со стапови му ја кршеле куќата и го претепале

Тие со дрвени стапови ја оштетиле вратата и прозорците, по што влегле внатре и физички го нападнале Д.С. и му нанеле повреди по телото.

На 15.03.2018 година околу 22:30 часот во куќата сопственост на Д.С. (37) на ул. „Радишани“ во Скопје, со возило „Опел Вектра“ дошле три лица, од кои едно е Д.Т. од Петровец.

Тие со дрвени стапови ја оштетиле вратата и прозорците, по што влегле внатре и физички го нападнале Д.С. и му нанеле повреди по телото.

После тоа напаѓачите побегнале од местото, а Д.С. со екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

Д.Т. бил приведен во Полициската станица Кисела Вода.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Related posts

Гореше автомобил во скопски Бутел

24news

Тешка сообраќајна несреќа утрово во Скопје

24news

Скопјанец доживеа голгота кај „Веро Џамбо“

24news